Утрински Весник
Македонија

Зошто Таче не побара оставка од Мерко, кој е еден од најкорумпираните луѓе во државата, прашува пратеникот Јаулески

Зошто Таче не побара оставка од Мерко, кој е еден од најкорумпираните луѓе во државата, прашува пратеникот Јаулески

Рамиз Мерко, еден од најкорумпираните луѓе во држава кој од македонски бисер ја унакази Струга, се најде на црната листа на САД, пишува на социјалните мрежи Јован Јаулески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот кој по потекло е од Струга, во напишаното додава дека сосема е очекувано за човек од таков калибар и сите камо што вели во објавата, се сложуваат со наведеното од страна на Амбасадата на САД дека присвоил средства и се меша во правосудниот систем.

„Но, прашањето е, зошто органите на прогонот не покренат постапка? Зошто од 14 кривични пријави до 2021 година 9 се отфрелни од струшкпто ОЈО, 1 од ОЈО ГООК , а за другите нема никаков епилог? Зошто нема ниту еден предмет против него? Зошто Таче, кој наместо да ја поздравува одлуката не побара оставка од Мерко? Или го штити како коалиционен партнер па врши притисок преку судиите, а ваму глуми добар пријател на Америка?“, прашува Јаулески.

Според него, многу одговори треба да се дадат на македонската јавност, но и на надлежните институции.

„Многу работи треба да се променат во оваа држава, чиј темел на сите проблеми се ДУИ и СДС, кои се изворот на криминалот во Македонија. За потсетување, Рамиз Мерко не беше кандидат за градоначалник од ДУИ во 2013 година токму на силното противење на ВМРО- ДПМНЕ како владеачка партија. После изборите, кога власта ќе ја преземе ВМРО-ДПМНЕ, работите ќе си дојдат на свое место.
Ќе има одговоност за секој кој крадел и се богател со народни пари, без разлика за која вера, нација или припадност се работи“, подвлекува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата

Херојот на Скопје: Пожарникарот Тони Пигуловиќ 48 часа во борба со пламените јазици