Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачки и извади сметки за струја на Петровска: Зошто татко и не платил струја од 10.000 евра?

Ковачки и извади сметки за струја на Петровска: Зошто татко и не платил струја од 10.000 евра?
300x250 opst2

Пратеникот Драган Ковачки вели дека министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се’ повеќе. Тој покажа неплатени сметки од 10.000 евра за струја на име на нејзиниот татко.

dobivaj vesti na viber

„Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда. Ок. Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта? Зарем на земјиште (нива) без изграден објект – хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи? Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен. *Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка“, пишува Ковачки во својот статус на Фејсбук.

Тој ја прикажа и сметката, која како што вели тој е јавен интерес  и  јавноста треба да ја види.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ