Утрински Весник
Спорт

ЕХФ ги подели поканите, познати се сите учесници во ЛШ за сезоната 2023/24

ЕХФ ги подели поканите, познати се сите учесници во ЛШ за сезоната 2023/24

ЕХФ ги објави имињата на сите 16 екипи кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите во сезоната 2023/24. Наредната сезона, Македонија во елитата ќе ја преставува Еурофарм Пелистер. Македонскиот првак беше меѓу десетте тимови кои имаа загарантирано учество во Лигата на шампиони.

dobivaj vesti na viber

ЕХФ, во вторникот, ги објави имињата на клубовите кои добија специјални покани за настапа во Лигата на шампионите.

Очекувано беше покани да добијат Веспрем, Висла Плоцк, Монпелје и ППД Загреб. Уште две покани се испратени во Алборг (Данска) и Колстад (Норвешка).

Овие шест екипи заедно со Еурофарм Пелистер, европскиот првак Магдебург, Барселона, ПСЖ, Кил, ГОГ Гудме, Веспрем, Киелце, Порто и Целје ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.

Клубовите чии апликации за добвање на специјална покана беа одбиени (Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт, Шафхаузен и Кристијанштад) добија директно место во фазата по групи во , кои добиваат директно место во групната фаза од Лигата Европа на ЕХФ.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина