Утрински Весник
Свет
Img 7972

„Овој пат мајка ми е навистина мртва!“: синот на починатата жена која ги преплаши сите на сопствениот погреб

„Овој пат мајка ми е навистина мртва!“: синот на починатата жена која ги преплаши сите на сопствениот погреб
300x250 opst2

По седум дена на интензивна нега, почина Бела Монтоја (76), која една недела претходно беше речиси жива закопана. Лекар во Бабахој ја прогласил за мртва, а потоа ожалостените ја слушнале како тропа по ковчегот за време на бдеењето. Таа итно била вратена во истата болница, а во петокот навистина починала од исхемичен мозочен удар, пишува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

„Овој пат мајка ми навистина почина. Мојот живот никогаш нема да биде ист, изјави нејзиниот син, Гилберт Барбера за еден локален весник.

Монтоја беше вратена во истата погребна куќа каде што првпат беше откриена жива. Локалните медиуми објавија дека Монтаја имала состојба наречена каталепсија, при која едно лице доживува напад, ја губи свеста и телото станува ригидно. Министерството за здравство на Еквадор собра комисија од експерти за да го разгледа нејзиниот случај.

Кога била прогласена за мртва на 9 јуни, била ставена во ковчег и одведена во погребалното претпријатие во Бабахој, југозападно од главниот град Кито. Таа помина речиси пет часа во ковчегот, а кога требаше да ја пресоблечат за церемонијата, таа почна да се бори за воздух. Неколку минути подоцна, пожарникарите ја извлекле од ковчегот и ја префрлиле назад во болница.

Бела Монтоја не е единствената личност која „оживеала“ откако официјално била прогласена за мртва. Во февруари беше откриено дека 82-годишна жена, која лежела во погребалното претпријатие, сè уште дише. Кај неа била констатирана смрт три часа претходно во домот за стари лица.

Можете да прочитате

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа

Стотина Палестинци пуштени од израелските затвори, се слави во Рамала и Газа