Утрински Весник
Спорт

Украина пресилна за Македонија во последниот меч од Златната Европска лига

Украина пресилна за Македонија во последниот меч од Златната Европска лига

Украина уште еднаш ја покажа својата доминација во Златна европска лига, победувајќи ја Македонија со 3:0 (25:18, 26:24, 25:23) за со совршени шест победи да ја комплетира групната фаза на натпреварувањето.

dobivaj vesti na viber

Македонија, пак, го завршува својот прв настап во елитната лига со две победи (на домашните мечеви со Хрватска и Белгија) и четири порази.

Почетокот на мечот им припадна на македонските одбојкари, кои поведоа со 6:3, пред Украина да се врати и да направи пресврт за 11:9 водство, кое потоа го крунисаа со убедливи 25:18 за 1:0 во сетови. Вториот сет беше уште поизрамнет, за од 22:22, Македонија да успее да спаси една сет топка, но на крајот да загуби со 26:24. Во последниот сет, Украина направи голема преднос од 15:10, пред повторно да се вратиме за 23:24, но Семнјук го комплетираше мечот за голема победа.

Никола Ѓорѓиев со 15 поени беше најефикаесн за Македонија, додека за Украина, Плотницки уфрли исто толку поени.

Фото: ЦЕВ

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија