Утрински Весник
Македонија

(Фото + видео) Возилото што падна во Лепенец е пронајдено, од патниците нема трага

(Фото + видео) Возилото што падна во Лепенец е пронајдено, од патниците нема трага

Како што дознава „Макфакс“, припадници на полициската единица Тигри го пронајдоа косовското возило „БМВ“ што вчера по сообраќајна несреќа падна во реката Лепенец со четворица патници.

dobivaj vesti na viber

Возилото е пронајдено во близина на местото на несреќата и во моментов се извлекува од реката.

Од МВР за „Макфакс“ најавија дека штом има нови информации ќе ја изветат јавноста, а засега не е познато дали има трга од тројцата исчезнати патници меѓу кои има и еден малолетник. Четвртиот патник од возилото, како што објави „Макфакс“ беше однесен во ГОБ „8 септември“ и не е тешко повреден.

Можете да прочитате

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана

Во Брвеница до 15 часот гласале 5.064 граѓани