Утрински Весник
Македонија

Томовски: Народот сака промени, во акцијата „Ова е Македонија за сите“ нотирани над 18.000 проблеми, решенијата ќе бидат во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Томовски: Народот сака промени, во акцијата „Ова е Македонија за сите“ нотирани над 18.000 проблеми, решенијата ќе бидат во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите 6 недели се спроведе акциjата под мотото „Ова е Македонија, за сите“. Над 200 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ организирани во 19 тимови, посетија вкупно 709 населени места во државата и тоа од најразлични краеви, почнувајќи од големите населени места па се до најмалку населените. Ова беше најопсежната теренска акција на ВМРО-ДПМНЕ во која се направени 6.428 извештаи, нотирани се 18.324 проблеми, информира Ивица Томовски член на ЦК на ВМРО-ДОМНЕ.

dobivaj vesti na viber

-Во Македонија народот не сака уставни измени под бугарски диктат, не сака газење на националното достоинство, но народот највеќе сака да дојде крај на сиромаштијата, крај на корупцијата и криминалот. Генералниот заклучок е дека најголемата грижа на граѓаните е тешкиот живот, инфлацијата, несигурноста и неизвесноста за иднината. Народот е револтиран зошто е заборавен од власта, затоа што владата не ги слуша проблемите на народот, вели Томовски.

 

 

 

Можете да прочитате

Доследна примена на Законот за спречување на насилството и недостојно однесување на спортските натпревари

„Европски фронт“ во трката за Скопје со Скендер Реџепи-Зејд

Во функција четвртата целосно сервисирана локомотива