Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сколари го презеде Атлетико Минеиро

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
300x250 opst2

Луис Фелипе Сколари, кој со Бразил го освои Светското првенство во 2002 година, се врати од пензија, тој потпиша договор до декември 2024 година со Атлетико Минеиро.

dobivaj vesti na viber

Сколари се пензионираше како технички директор во Атлетико Параненсе. Минатата година го предводеше Атлетико до финалето на Копа Либертадорес, а потоа објави дека се пензионира во ноември, кога ја презеде директорската функција.

На клупата на клубот од Бело Хоризонте, Сколари ќе го наследи Аргентинецот Едуардо Кудет.

Искусниот стручњак ја освои титулата на Светското првенство со Бразил во 2002 година во Јапонија, но беше и селектор кога Бразилците загубија од Германија со 7:1 на домашен терен во полуфиналето на СП 2014 година.

Тој ја водеше Португалија до финалето на Европското првенство во 2004 година и до полуфиналето на Светското првенство во 2006 година, пред да го преземе Челзи, каде издржа седум месеци пред да добие отказ.

На клупско ниво, сега 74. годишниот Сколари освојуваше титули во Бразил и Кина. Со Гремио и Палмеирас ги освои бразилската Серија А и Копа Либертадорес, а со Гуангжу Евергранде ја освои кинеската Супер лига и азиската Лига на шампиони.

Првиот натпревар на Сколари на чело на Атлетико ќе биде на гости кај Флуминенсе на 21 јуни. Атлетико е четврти во лигата со 18 бода од 10 натпревари.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг