Утрински Весник
Спорт

(Видео) Полска ја совлада Германија, Србија за малку ќе се „сопнеше“ против Јордан

(Видео) Полска ја совлада Германија, Србија за малку ќе се „сопнеше“ против Јордан

По тешко избореното 3:3 реми со Украина во претходниот пријателски меч, Германија овојпат не успеа да се врати и загуби со 1:0 од Полска. Во нов загрижувачки меч за селекторот Ханси Флик, во Варшава единствениот гол на мечот го постигна фудбалерот на Арсенал, Јакуб Кивиор во 31. минута од мечот.

dobivaj vesti na viber

Во Виена, пак, Србија се намачи за да стигне до 3:2 победа над Јордан. Страхиња Ераковиќ ги донесе Србите во водство по само седум минути игра, но во 54. минута, Ал Марди израмни на 1:1, за во 67. минута азиската репрезентација да дојде до водство преку Ал-Тамари. Тимот на Драган Стојковиќ-Пикси се смени со влегувањето во игра на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој во 84. минута му асистираше на Дејан Јовељиќ за израмнување. Тогаш влетаа на терен неколку навивачи, па по мал прекин, Јовељиќ пак стрелаше во 89. минута за победа.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина