Една од двете туристки нападнати од маж во близина на замокот Нојшванштајн во јужна Германија им подлегна на повредите, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на државното правобранителство.
21-годишната девојка починала во текот на ноќта во болница, а нејзината 22-годишна придружничка била задржана во болница поради сериозни повреди, јави јавната телевизија „БР“, повикувајќи се на информации од портпаролот на државниот обвинител во Кемптен.
Тој рече дека осомничениот е уапсен, но од државното обвинителство се уште не се изјасниле за апсењето.
„БР“ го пренесува извештајот на обвинителите кои рекоа дека девојките налетале на маж на мостот на Марија од кој се нуди прекрасен поглед на светски познатиот замок.
„ТВ БР“ јавува дека физичкиот конфликт започнал кога маж сексуално нападнал 21-годишна жена.
Кога пријателката се обидела да и помогне, мажот ја фатил за врат и ја фрлил во провалија длабока 50 метри под мостот, а после тоа почнал да ја дави 21-годишната девојка и ја турнал преку мостот.
Осомничениот беше приведен по голема полициска акција и пренесен во полициската станица во блискиот Фусен.