Утрински Весник
Македонија

Бугарската потпретседателка Јотова: Покрај уставот, измени треба да се случат и во учебниците, историјата

Бугарската потпретседателка Јотова: Покрај уставот, измени треба да се случат и во учебниците,  историјата

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во Варна изјави дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија и побара да се преземат посериозни мерки по последниот инцидент со граѓанин со бугарски идентитет.

dobivaj vesti na viber

Доставувањето нота до македонскиот амбасадор таа го оцени како недоволна акција, бидејќи има информации дека се подготвува текст за промена на уставот на Северна Македонија, но во пракса нема никаков развој.

Потпретседателката Јотова повика да не заборавиме дека, покрај уставот на РСМ, треба да има измени и според потпишаните заеднички протоколи, кои зборуваат за промени во учебниците, оценување на историски датуми и личности и отворање на досиеја, но ништо од ова, како што вели, не е направено пренесува бугарското „БНТ“

„Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција, на Народното собрание, не се осмелувам да мислам дека ќе има чекор назад“, рече потпретседателката на Бугарија, пренесува медиумот.

Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски