Утрински Весник
Свет

Мајка и очув во Велика Британија, со месеци камшикувале деветгодишно дете, го измачувале со ладни купки

Мајка и очув во Велика Британија, со месеци камшикувале деветгодишно дете, го измачувале со ладни купки

Мајка и нејзиниот партнер во Велика Британија се обвинети за убиство на деветгодишно момче, а во јавноста се појавија потресни детали од злосторството.

dobivaj vesti na viber

Карла Скот (35) и нејзиниот љубовник Дирк Хауел (41) го убиле малиот Алфи Стил во февруари 2021 година, откако го малтретирале со месеци додека тој бил заклучен, а сето тоа се случувало во нивниот дом во Дројтвич и Ворчестершир. Неговото тело, кое било пронајдено со повеќе од 50 повреди, било извлечено од кадата, пренесуваат медиумите во регионот.

На Судот му било презентирано дека насилниците се обиделе да ја прикријат својата безмилосна злоупотреба. На денот на фаталниот напад, неговата мајка плачела и на полицијата и кажала дека нејзиниот син си ја удрил главата во кадата. На видеото направено по пристигнувањето на 911, Скот плаче и вели дека го нашла детето во када 10 минути порано.

Судот слушнал дека Алфи бил мачен и тепан по строг режим на казнување. Деталите според написите биле толку мачни што судијата им кажал на поротниците дека никогаш повеќе нема да мора да седат во поротата откако ќе слушнат за последните моменти на момчето.

Бруталните дисциплински техники вклучувале камшикување на Алфи со ремени и апостолки, како и потопување во ладни купки. Го терале и навечер да стои надвор и го полевале со вода. Физичкото и психичкото малтретирање што довело до убиството на момчето продолжило и покрај тоа што било под надзор на социјалните служби.

Хауел, поминал повеќе од половина од својот живот во затвор, беше прогласен за виновен за убиство. Мајката, пак, е осудена за убиство од небрежност.

По пресудата, дедото на Алфи, Пол Скот, му оддаде почит на неговиот внук, велејќи дека има внук кој може да го стопи срцето со насмевка.

„Нашиот драг Алфи беше шармантно, смешно и љубопитно момче чија добрина и насмевка беа доволни да ви го стопат срцето. Имаше уникатна личност, можеше да ве насмее и да донесе солзи радосници. Исклучително сме тажни што никогаш повеќе нема да можеме да ја видиме таа насмевка“, кажал тој.

Суровата двојка мислела дека е прифатливо да го удира момчето со појаси или тешки чевли и користеле други форми на казна. Го држеле во када под ладна вода кога мислеле дека ги лаже. Модринките по телото укажувале на тешко малтретирање, а трагите на задникот му биле предизвикани од ударите на возрасен човек кој „изгубил контрола“, заклучиле надлежните.

Алфи починал откако бил претепан и намерно ставен во ладна бања.

Поротниците на судењето гледале застрашувачки снимки на кои се гледало како детето вреска и моли да го пуштат во куќата. На друго видео се гледало како неговата мајка ја лаже полицијата велејќи дека тој заспал откако ја удрил главата во кадата. Таа приказна во полиција ја раскажала додека телефонирала со своето момче, правејќи се дека не знае каде е.

На друго вознемирувачко видео бил повикот во полиција на соседот кој пријавил дека слуша како некој да злоставува дете во када.

На денот кога момчето починало, мајката се јавила во полиција велејќи дека детето се уште дише, но слушала звуци како да се гуши.

Алфи бил под заштита на социјалните служби и имало дискусии за тоа дали треба да се одвои од мајка си, откако наставниците во училиштето изразиле загриженост за фактот дека Алфи постојано бил гладен на училиште.

Мајката и нејзиниот партнер не изразиле каење и не прифатиле одговорност за своите постапки на суд.

„Дејли Мејл“ пишува дека смртта на ова момче е една од серијата смртни случаи на деца кои се случиле за време на карантинот и пандемијата на коронавирус.

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес