Утрински Весник
Свет

Проруски воени блогери: Во Украина убиен уште еден руски генерал

Проруски воени блогери: Во Украина убиен уште еден руски генерал

Рускиот генерал-мајор и началник на штабот на 35. здружен корпус, Сергеј Горјачев, наводно бил убиен вчера во ракетен напад на југот на Украина, пишуваат проруските воени блогери.

dobivaj vesti na viber

Горјачев ја почна инвазијата на Украина како командант на 5. посебна тенковска бригада и неодамна беше унапреден во началник на Генералштабот на 35. бригада.

Горјачев, кој, како што пишува „Телеграф“, е најмалку петтиот висок руски генерал што загинал во Украина, претходно служел во Приднестровие и во Таџикистан.

Засега нема официјална потврда за неговата смрт, а „Телеграф“ не може самостојно да ги потврди овие тврдења.

Украина почна контраофанзива во последните денови и тврди дека повторно освоила најмалку три села.

Можете да прочитате

Штајнмајер го распушти Бундестагот, Германија оди на вонредни избори на 23 февруари

Украина испраќа 500 тони брашно во Сирија

Светот во 2024 / САД – Избори како никогаш досега и “паразит што изел парче од мозокот на Кенеди”