Утрински Весник
Спорт

Кој ќе го наследи Бусктес? Чави го активира „Планот Ц“

Кој ќе го наследи Бусктес? Чави го активира „Планот Ц“

Приоритет за Барселона и тренерот Чави Ернандез, во преодниот рок ќе биде да најдат замена за Серхио Бускетс.

dobivaj vesti na viber

Чави побара во клубот да дојде Мартин Зубименди од Реал Сосиедад или Џошуа Кимих од Баерн Минхен. Двајцата фудбалери изјавија дека не сакаат да ги напуштат своите клубови.

„Повеќе сум мотивиран да ја наследам „четворката“ на Асиер Иљараменди, отколку да ја добијам „петката“ на Бускетс. Желба ми е да останам“, изјави Зубименди, на кого легендата на Сосиедад, Иљараменди му го предаде дресот со број четири.

Слично размислува и Кимих.

„Секако дека гласините за интересот на Барселона стигнаа до мене, но тие не ме засегаат многу. Имам уште две години во договорот со Баерн и имаме големи планови тука“, изјави Кимих по синоќешниот пријателски натпревар Германија-Украина (3:3).

Кој ќе биде план Ц?

Се шпекулира дека стручниот штаб и раководството се согласиле дека добро решение може да биде Софијан Амбрабат.

Неговата цена изнесува околу 30 милиони евра. Парите за да го купи Амрабат Барселона ќе ги приходува веројатно од продажбата на Франк Кеси.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина