Утрински Весник
Спорт

По скандалот на теренот, Бордо остана без шанси да се врати во Лига 1

По скандалот на теренот, Бордо остана без шанси да се врати во Лига 1

Францускиот великан Бордо следната сезона повторно ќе игра во втората француска лига бидејќи натпреварот од последното коло против Родез е регистриран со резултат 3:0 за гостинскиот тим, пренесува Франс прес.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот помеѓу Бордо и Родез беше прекинат на 2 јуни во 22. минута, откако Лукас Буадес постигна гол за Родез. Додека го славеше голот, Буадес беше удрен од навивач на Бородо.

На Буадес по нападот му беше дијагностициран потрес на мозокот, а судиите решија да не го продолжат натпреварот. Дисциплинската комисија го казни Бордо со одземање бод за следната сезона, како и затворање на јужната трибина на два натпревари.

Бордо ја заврши сезоната во француската втора лига на третото место со 69 бодови, односно со три бода помалку од второпласираниот Мец, кој заедно со Ле Авр оди во најсилниот ранг, односно во Лига 1.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина