Утрински Весник
Македонија

Облачно и нестабилно време со дожд и грмежи

Променливо време со температура од -7 до +12 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Можете да прочитате

Тошковски: Не може да се докаже организација за пожарите по тврдењата за хибриден напад

Меџити наредил итно затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности