Утрински Весник
Спорт

(Видео) Интересни моменти по прославата за големата победа: Малата Тара победи на трката, а Новак ѝ аплаудираше

(Видео) Интересни моменти по прославата за големата победа: Малата Тара победи на трката, а Новак ѝ аплаудираше

Новак Ѓоковиќ ја освои својата 23. Грен слем титула победувајќи го Каспер Рудо во финалето на Ролан Гарос (7:6, 6:3, 7:5), а по мечот следеше големо славје.

dobivaj vesti na viber

Сепак, откако ситуацијата се смири и луѓето се разотидоа, на Новак на теренот по мечот му се придружи ќерката Тара, која го натера да се тркаат на теренот.

Малото девојче го искористи физичкиот и емоционалниот замор на својот татко, па убедливо го победи, а потоа со високо кренати раце ја премина „целта“, додека Новак зад неа аплаудираше со насмевка.

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот