Новак Ѓоковиќ ја освои својата 23. Грен слем титула победувајќи го Каспер Рудо во финалето на Ролан Гарос (7:6, 6:3, 7:5), а по мечот следеше големо славје.
Сепак, откако ситуацијата се смири и луѓето се разотидоа, на Новак на теренот по мечот му се придружи ќерката Тара, која го натера да се тркаат на теренот.
Family cool down after the final for @DjokerNole pic.twitter.com/wx194rQk6b
— Patrick Mouratoglou (@pmouratoglou) June 12, 2023
Малото девојче го искористи физичкиот и емоционалниот замор на својот татко, па убедливо го победи, а потоа со високо кренати раце ја премина „целта“, додека Новак зад неа аплаудираше со насмевка.