Утрински Весник
Македонија

Три недели по смртта на Мемет телото не им е предадено на роднините

Три недели по смртта на Мемет телото не им е предадено на роднините

Три недели по смртта на Мемет Камбер кој почина без лични документи, телото се’ уште не е предадено кај роднините за да биде достојно погребано.

dobivaj vesti na viber

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ ги повика сите политички и административни чинители до среда 14 јуни да ја разрешат оваа состојба и да овозможат достоен погреб на починатиот. Во спротивно „Ромалитико“ најави дека в петок ќе организира протест пред Собранието, институција од која исто така се очекува да ги донесе сите потребни измени на законите за во иднина да не ни се повторат вакви случаи.

„Ромалитико“ уште еднаш апелира дека е време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта.

Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација, моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личната карта и за кои исто така треба да постои решение, велат од здружението.

Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста запристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право.

„Ромалитико“ апелира на итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи.

Можете да прочитате

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка