Утрински Весник
Спорт

Ласо го презеде Баерн Минхен

Ласо го презеде Баерн Минхен

Познатиот шпански тренер Пабло Ласо од следната сезона ќе биде тренер на Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

Еден од најдобрите европски тренери, по една година пауза се враќа на тренерската работа. Тој со Баерн Минхен потпиша договор до 2025. На таа позиција го замени Андреа Тринкиери.

Ласо стекна голема репутација како тренер на Реал Мадрид. Го водеше „кралскиот клуб“ од 2011 до 2022 година. Ќе остане запаметен по тоа што го водеше тимот до две европски титули, првата во 2014/15 година. кога Реал ја освои јубилејната 10. титула, прва по 20 години. Втората ја освои во 2018 година во Белград.

Покрај Реал ги водеше и Памеса, Каха Кантабрија, Кастиља и Гипускоа.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина