Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, пoпладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 20 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Можете да прочитате

Камион се превртел кај Желино

СДСМ: Власта е во паника од темата „мигранти за пари”

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана