Утрински Весник
Свет

Украинската армија: Водиме жестоки битки на исток

Украинската армија: Водиме жестоки битки на исток

Војската на Украина денеска објави дека се водат жестоки борби во источниот дел на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк.

dobivaj vesti na viber

„Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите за целосно окупирање на областите на Луганск и Доњецк“, соопшти главниот штаб на украинската армија, додавајќи дека „жестоките борби продолжуваат“, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

Фокусот на руските сили на областите Луганск и Доњецк доаѓа во време кога украинската армија спроведува голема контраофанзива со цел повторно да ја заземе украинската територија окупирана од Москва, пренесе агенцијата Бета.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека долгоочекуваната контраофанзива започнала.

„Во Украина се случуваат контраофанзивни и одбранбени дејства, но нема да кажам детално во која фаза се тие“, рече Зеленски, велејќи им на новинарите да му пренесат на Путин дека украинските генерали „сите се позитивно расположени“.

Во меѓувреме, утрово два дрона се урнаа во руската област Калуга, објави регионалниот гувернер Владислав Шапша на апликацијата Телеграм. Едниот дрон се урна во близина на селото Стрелковка, а другиот во шумите во областа Медински во градот. Според првите информации нема жртви и причинета е минимална штета.

 

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина