Утрински Весник
Свет

Украинците објавија видео: „Одлободивме село во Доњецк и покрај рускиот отпор“

Украинците објавија видео: „Одлободивме село во Доњецк и покрај рускиот отпор“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Војници на 68-та извидничка бригада, заедно со припадниците на другите единици на украинската армија, го ослободија селото Блаходатне во областа Доњецк, на истокот на земјата, соопшти бригадата.

dobivaj vesti na viber

„Руските окупатори даваа отпор до крај, но не можеа да го издржат незапирливиот напад на нашите сили“, се вели во соопштението на 68-та извидничка бригада на Фејсбук, кое објави и видео од поставувањето на украинското знаме во селото.

Украинците објавија дека неколку руски војници биле заробени за време на ослободувањето на селото Блаходтна, додавајќи дека информациите што и’ ги дале на украинската армија „ќе помогнат да се ослободат повеќе делови од окупираната територија“.

Можете да прочитате

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина