Утрински Весник
Свет

Вонредни парламентарни избори во Црна Гора

Вонредни парламентарни избори во Црна Гора

Во Црна Гора утрово беа отворени гласачките места, каде околу 550.000 гласачи ќе изберат нова влада на вонредните парламентарни избори, кои би можеле да покажат дали земјата ќе ги надмине длабоките политички поделби и несогласувања што ја забавија на патот кон членство во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Изборите се одржуваат затоа што претходната владејачка коалиција не можеше да се договори за мандатот на новата влада, откако на актуелната влада на премиерот Дритан Абазовиќ и беше изгласана недоверба во август 2022 година, пишува „Н1“.

На изборите учествуваат 15 партии и коалиции, а според предизборните анкети, најверојатно центарот на новата влада ќе биде Движењето Европа Сега, со проценки за поддршка од 30 проценти. Нејзини лидери се поранешни министри во владата на поранешниот премиер Здравко Кривокапиќ, Милојко Спајиќ и Јаков Милатовиќ, која беше формирана под силно влијание на СПЦ.

Спајиќ и Милатовиќ ја добија поддршката од граѓаните откако успеаја да ја зголемат минималната плата во Црна Гора од 220 на 450 евра на почетокот на 2022 година, во пресрет на падот на владата на Кривокапиќ.

Јаков Милатовиќ тогаш беше избран за претседател на Црна Гора на почетокот на април, победувајќи го претходниот претседател Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори.

Во последните денови од предизборната кампања, политичките противници се обидоа да го дискредитираат актуелниот лидер на Европа, Милојко Спајиќ, поврзувајќи го со јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“ До Квон, кој од март е во притвор во Црна Гора, а по кого трагаа САД и Јужна Кореја за измама на крипто-пазарот вредна 40 милијарди долари.

Проекциите велат дека Демократската партија на социјалистите, која по поразот на изборите повеќе не ја води Мило Ѓукановиќ, би можела да освои околу 20 отсто од гласовите. Листата на партијата ја предводи младиот политичар Данијел Живковиќ, а на неа нема долгогодишни блиски соработници на Ѓукановиќ.

Актуелниот премиер Дритан Абазовиќ и неговата Обединета реформска акција се во коалиција со Демократска Црна Гора на Алекса Бечиќ, а според анкетите оваа партија од центарот би можела да добие меѓу 10 и 15 отсто од гласовите.

Десниот, просрпскиот и прорускиот Демократски фронт престана да постои како коалиција на политички партии во пресрет на изборите, бидејќи Движењето за промени на Небојша Медојевиќ ја напушти таа коалиција. Останатите членови, Новата српска демократија на четничкиот војвода Андрија Мандиќ и Демократската народна партија на Милан Кнежевиќ настапуваат заедно и се предвидува дека ќе имаат меѓу 10 и 15 отсто поддршка.

Социјалдемократската партија на Црна Гора, која своевремено ја предводеше Ранко Кривокапиќ, долгогодишниот претседател на 90-от Парламент не влезе во коалиција со ДПС на Ѓукановиќ, иако тоа беше очекувано, туку со тесно мнозинство одлучи за независен настап.

Кај малцинските партии се предвидува дека две албански партии ќе добијат по еден мандат, бошњачката партија два, а Хрватската граѓанска иницијатива, единствената партија на Хрватите во Црна Гора која учествува на изборите, ќе го надмине привилегираниот праг од 0,3 отсто на важечки гласови. На изборите во 2020 година Хрватите беа претставени од две политички партии, па поради губење гласови не успеаја да обезбедат пратенички мандат во црногорскиот парламент.

Вонредните парламентарни избори ги следат неколку стотици домашни набљудувачи од невладините организации.

Избирачките места се отворени до 20 часот, а првите резултати се објавуваат половина час подоцна.

Црна Гора во последните три години минува низ период на политичка нестабилност. Откако тогашната опозиција ја порази Демократската партија на социјалистот Мило Ѓукановиќ на парламентарните избори за првпат по три децении, се сменија две влади.

Можете да прочитате

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина