Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Павар е пред трансфер во Ливерпул

Павар е пред трансфер во Ливерпул
Img 7972

Францускиот репрезентативец Бенжамин Павард (27) ќе ги напушти редовите на Баерн Минхен и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ливерпул. Преговорите меѓу заинтересираните страни се во тек.

dobivaj vesti na viber

Бенжамин Павард (27) по четири години го напушта Баерн Минхен. Овој 27. годишен дефанзивец повеќе од една година бара излез од германскиот гигант и желбата конечно ќе му се оствари.

Според медиумите Ливерпул ќе плати 30 милиони евра за неговиот трансфер.

Павар во Баерн пристигна во 2019 година од тимот на Штутгарт за 35 милиони евра. За Баерн одигра 162 натпревари постигна 12 гола и забележа 12 асистенции.

Павард кариерата ја започна во Лил, а на големата сцена стапи во 2018 година, кога блесна во дресот на Франција на Светското првенство во Русија.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг