Утрински Весник
Македонија

ГРОМ: Ја напуштивме коалицијата со Христијан Мицкоски поради неговата дволичност, лажење и превртливост

ГРОМ: Ја напуштивме коалицијата со Христијан Мицкоски поради неговата дволичност, лажење и превртливост

Причината за напуштање на коалицијата од страна на ГРОМ со Христијан Мицкоски е токму неговата неодговорност, дволичност, лажење и
превртливост, соопштија од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

Неговите главни маани, како што велат, излегоа на виделина токму со бугарскиот договор и потребата за промена на Устав за влез на Бугарите во највисокиот законодавен акт.

„Нели Мицкоски земаше нотарски изјави од пратениците дека нема да гласаат за влез на Бугарите во Уставот?“, прашуваат од ГРОМ.

Според нив, веројатно овие изјави ќе ги употреби наместо тоалет хартија.

„Се колнеше ако пратениците гласаат за оваа измена тој ќе си даде оставка.Еве зошто минатата година не гласаше против бугарскиот договор туку само го напушти парламентот за да може сега да гласа. Врв на неговото фолирантство беа минатогодишните фингирани протести. Дали сега се уверија граѓаните дека тоа беше фарса и дека само глумеше шетање по скопските улици малтретирајќи го своето членство и мамејќи ги граѓаните на Македонија за наводна грижа за Македонците оценувајќи го бугарскиот договор како неприфатлив?
Уште поцинично е неговото гласање на договорот со Бехтел и Енка. Затоа ниту еднаш не рече дека договорот е проблематичен, туку плаќањето пенали. Згора на тоа тврди дека тие кога ќе дошле на власт ќе изграделе уште 100 километри автопат со истата компанија.
Тоа значи зад грб на народот гласа и го поддржува договорот а јавно продава демагогии со некакви си пенали“, се истакнува во реакцијата на партијата.

Оценуваат дека токму од овие причини и ваквите залутани луѓе, граѓаните политиката ја споредуваат со најстариот занает.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација