Утрински Весник
Македонија

Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево

Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево

Советот на Општина Делчево на денешната Вонредна седница прогласи природна непогода од поплави и град.

dobivaj vesti na viber

На Вонредната седница беше донесена Одлука за формирање Комисија за проценка на штетите, како и Заклучок за објавување јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети.

При процена и утврдување на висината на штетата, Комисијата ќе ја применува Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи. Проценетите штети, Комисијата ги евидентира на пропишани обрасци и табели согласно Методологија.

Комисијата во својата работа ќе соработува со надлежните државни органи, научно-стручни институции и по потреба ќе ангажираат и стручни лица – експерти од соодветната област по претходно добиена согласност од Градоначалникот на Делчево,соопштија од општината.

Процената и утврдувањето на висината на штетата ги опфаќа видот, обемот и висината на штетата изразена во натура и вредносни показатели, според подрачјето, дејноста, имотот, сопственоста, времето и причината за настанување на штетата.

За својата работа, Комисијата изработува Извештај за процената на штетите во вид на елаборат согласно Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и го доставуваат до Советот на Општина Делчево на разгледување и усвојување и до Владата на Република Северна Македонија. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Делчево “.

Одржувањето на Вонредната седница на Советот на Општина Делчево е иницирано од невремето проследено со силни врнежи од дожд и град и поплави на објекти и на инфраструктурата коешто го зафати градот Делчево вчера во попладневните часови.

На Седницата претставници од сите надлежни институции информираа за преземените мерки и активности во насока на заштита на имотот на граѓаните, но и мерки кои се преземаат за санирање на штетите на индивидуалните и административните објекти од поплавите и од штетите на патната инфраструктура.

Можете да прочитате

Спасен турски палаглајдерист што принудно слетал на карпестиот дел на Галичица

Мама Вероника моли за помош за нејзиното предвреме родено бебе

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје