Утрински Весник
Македонија

(Видео) Штипјанец шета со оружје и стрела животни, друг влече куче со автомобил – се бара итна истрага против насилниците

(Видео) Штипјанец шета со оружје и стрела животни, друг влече куче со автомобил – се бара итна истрага против насилниците

„Анима мунди“ објави вознемирувачки видеа од двајца мажи од Штип и Виница кои малтретираат животни.

dobivaj vesti na viber

Додека штипјанецот среде бел ден, шетал со оружје и нишанел врз животни повредувајќи мачка на негови соседи, другиот, истиот ден, врзал куче за автомобил и го влечел и малтретирал.

Здружението прашува до кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара, или девијацијата ќе ја препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=yCv55EsL5OE

„Анима мунди“ тврди дека жителите на Штип биле вознемирени од случката и преплашени за својата безбедност и оти во секоја ЕУ држава,  ваквите малтретирања подлежат на строги казни.

„Информираме дека неколку лица се обиделе да пријават во полиција – потенцираме, се обиделе, бидејќи полицијата не ни сакала да прими и евидентира ваква пријава од X причини, што значи за нив не се случило ништо што отстапува од нормалноста. Е токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и поминуваат неказнети“, велат од здружението.

Ги повикаа институциите итно да почнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек.

Можете да прочитате

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати

Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата почнува на крајот на годината

Приведени две лица во Форино, имале дрога вo возилото