Утрински Весник
Економија

Еврозоната влезе во техничка рецесија

Еврозоната влезе во техничка рецесија
Dik 300x250 mk

Економијата на еврозоната беше во техничка рецесија во првите три месеци од оваа година, покажаа во четвртокот податоците на европската статистичка агенција „Евростат“, по надолната ревизија на растот во првиот и последниот квартал од 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната падна за 0,1 отсто во првиот квартал во споредба со четвртиот 2022 година и е за 1,0 отсто повисок од претходната година, се вели во соопштението на „Евростат“.

Ревизијата се должи на друга проценка на германскиот завод за статистика, која покажува дека најголемата економија во еврозоната била во рецесија на почетокот на 2023 година, пренесува „Ројтерс“.

Бројката за раст во еврозоната за четвртиот квартал од 2022 година, исто така, се намали на -0,1% од претходното читање од нула. Ревизиите потврдија дека и еврозоната е во техничка рецесија.

Тоа се очекуваше кон крајот на минатата година, бидејќи еврозоната се бореше со високите цени на енергијата и храната и зголемувањето на каматните стапки насочени кон ограничување на инфлацијата, но раните проценки сугерираа дека регионот ја избегнал рецесијата.

Заедно со Германија, БДП квартално се намалува во Грција, Ирска, Литванија, Малта и Холандија.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност