Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Нови околности откако ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени и учество во Влада

(Видео) Кузеска: Нови околности откако ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени и учество во Влада
Dik 300x250 mk

По вчерашната средба имаме нови околности на политичката сцена во земјата, истакна на денешната прес-конференциоја Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според неа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, вели портпаролката на СДСМ, де факто го променија ставот, прифатија уставни измени и прифатија учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри.

„Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови. Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција. Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено. СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место“, истакна Кузеска.

Сега, дополни, врз основа на новите околности на политичката сцена потребно е дијалогот да продолжи.

Оцени дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се целосно заштитени.

Кузеска цени дека преговарачката рамка во себе ги содржи сите гаранции, преговорите се одвиваат и ќе продолжат да се одвиваат на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, јазик рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

„Дополнително, една голема европска држава наскоро ќе донесе Резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонски јазик, идентитет и македонска култура. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти да се реализира таа цел.
Потребно е национално единство да го заокружиме овој процес, да обезбедиме европска иднина за сегашните и идните генерации“, децидна е портпаролката на СДСМ.

Можете да прочитате

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога