Утрински Весник
Свет

Тинејџерка и мајка избодени пред ресторан, поранешното момче ги нападналo на Флорида

Тинејџерка и мајка избодени пред ресторан, поранешното момче ги нападналo на Флорида
Dik 300x250 mk

Матурантката од Флорида, Медисон Шемиц (17) била избодена со нож заедно со нејзината мајка Џеки Роџ по вечерата пред ресторан.

dobivaj vesti na viber

Сторителот на ова злосторство е поранешното момче на ќерката, Спенсер Рос Пирсон.

Според полицијата, инцидентот се случил на паркингот на ресторанот на плажата Понте Ведра. Очевидци на настанот рекоа дека ги виделе мајката и ќерката како трчаат кон нивното возило за да избегаат од манијакот.

Роџ претходно побарала забрана за приближување од полицијата, бидејќи Спенсер почнал да ја „следи и малтретира“ Медисон.

„Пирсон ја избодел поранешната девојка околу 15 пати, а кога нејзината мајка се обидела да интервенира, Пирсон ја избодел во челото и ногата. Тој ранил и случаен минувач кој притрчал да им помогне на мајката и ќерката“, соопшти полицијата.

Пирсон почнал сам да си го сече грлото, но бил запрен и хоспитализиран.

Шемиц е во критична состојба во болницата во Џексонвил и се вели дека има „долг пат до закрепнување“.

Тинејџерката има тешка повреда на ‘рбетниот мозок. „Таа е борец, продолжете молете се за неа“, вели мајката која и самата чека операција за раните.

Можете да прочитате

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Регистрирано зголемување на манипулативните кампањи за дисквалификација на ЕУ

Дваесет и три жртви во пожар во северозападно Мексико