Утрински Весник
Свет

(Видео) Деветгодишно момче во Англија го однесен ветрот додека беше во топка, заврши во болница

(Видео) Деветгодишно момче во Англија го однесен ветрот додека беше во топка, заврши во болница

Момче во Ливерпул, кое било во зорб топка, од силниот ветер било однесено на шест метри во воздух. Деветгодишното момче зорбираше за време на фестивалот за храна и пијалоци во Саутпорт во неделата, кога беше однесен од силен налет на ветер.

dobivaj vesti na viber

Зорбинг е екстремен вид на спорт или рекреација измислен во Нов Зеланд во кој луѓето се движат во топка направена од полупроѕирна пластика.


Момчето со хеликоптер беше пренесено во детската болница по инцидентот. Тој се здобил со повеќе повреди кои не се опасни по живот.

„Дуваше силен ветер и ја изнесе топката со момчето од вода. Зорбот потоа падна на кофата и пукна, а момчето падна на подот“, рекол еден од сведоците на настанот, а пренесува Дејли мејл.

Полицијата соопшти дека уште една топка била однесена од ветрот, но детето внатре не е повредено.

„Момчето беше во зорб топка на езерото. Топката неочекувано полета во воздух, а потоа слета на тревата“, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците