Утрински Весник
Свет

Шолц планира уште еден телефонски разговор со Путин

Шолц планира уште еден телефонски разговор со Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека има намера повторно да разговара по телефон со рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за РТЛ, Шолц рече дека планира уште еднаш да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тоа долго време не го правел, иако сега е „несоодветно време“.

Претходно, самиот канцелар и неговата прес-служба истакнаа дека билатералните контакти со Москва се неопходни и дека Берлин сака да ги продолжи, пренесува ТАСС.

Истовремено, Германија укажа на сериозните разлики во мислењата за Украина кои се појавуваат при ваквите дискусии.

Последен пат Шолц и Путин имале телефонски разговор на 2 декември минатата година, потсетува руската агенција.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати