Оваа година ќе се одржи 19-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.
За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.
Овогодинешното издание на “Бела Ноќ“ ќе се одржи во првиот викенд на месец октомври 2023 на повеќе централни локации низ градот Скопје.
На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а да творат во следниве области:Визуелни уметности (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип); Применети уметности (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации; Музика; Филм; Театар; Јавна уметност; Урбани изведби и перформанси.
Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт, информираат надлежните.
За учество во „Бeла Ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:
▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација
▪ Финансиска конструкција на проектот
За подетални информации за Јавниот повик: Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библиотека Браќа Миладиновци ) http://univerzalna.com.mk/belanok, [email protected] или на телефонскиот број 02 32 45 615.
Крајниот рок за аплицирање е 23.06.2023 година