Утрински Весник
Економија

Кинеска и турска компанија лажирале документација за мегапроект во Босна и Херцеговина

Кинеска и турска компанија лажирале документација за мегапроект во Босна и Херцеговина
300x250 (7)

Кинеската групација „China Gezhouba Group Co.“ ДОО во понудата за изградба на тунелот Прењ доставила неточни информации и лажна документација.

dobivaj vesti na viber

Тунелот треба да се изгради на трасата на автопатот на коридорот 5С, на југот на Босна и Херцеговина.

Ss1

Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдија од Јавното претпријатие автопат на Федерацијата Босна и Херцеговина. Станува збор за компанија од Вухан.

Во септември минатата година, државната компанија „Автопати“ на Федерацијата Босна и Херцеговина отвори тендер за доставување документација за изведувачот за изградба на тунелот Прењ.

Ова е најважниот инфраструктурен проект во Босна и Херцеговина, велат од оваа компанија. Додаваат дека тоа е деветти најдолг патен тунел во Европа. Планирано е да биде долг околу 11 километри.

Од „Автопати“ ги провериле податоците и утврдиле дека оваа кинеска компанија нема валидна документација, поради што е дисквалификувана. Кинеската групација не одговорила на барањето на „Радио Слободна Европа“, зошто доставиле лажни и неточни информации.

Во исто време, „Автопати“ потврдиле дека „China Gezhouba Group Co.“ ДООЕЛ никогаш не учествувала во проектите на овој субјект компанија.

За изградба на тунелот пристигнаа осум понуди. Меѓу нив имаше уште една понуда од компанија од Кина, три од Турција и една од Индија. Покрај тоа, на тендерот се пријавија и два конзорциуми од Турција и Јужна Кореја. Освен кинеската групација, лажна документација доставила и компанија од Турција.

„Неточни податоци во понудата за изградба на тунелот Прењ доставила и компанијата од Турција, „Озалтин Инсаат Тицарет“ ве Санаји А.С.“, велат за РСЕ од „Автопати“.

Нелогичности во понудите утврдила комисијата формирана од оваа компанија.

Босна и Херцеговина побара заем од ЕБОР за финансирање на изградбата на приоритетните делови од автопатот на Коридорот 5С. Износот на заемот е 97 милиони евра. Во финансирањето на изградбата на тунелот ќе учествува и Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Како дел од овој проект, проценетата вредност на изградбата на тунелот Прењ е околу 500 милиони марки (250 милиони евра).

Изградбата ќе започне кон средината на оваа година, а работите ќе траат шест години. Планирано е да се заврши до крајот на 2028 година, со што ќе се заокружи целиот Коридор 5С.

Ss1

Можете да прочитате

Просечната нето плата исплатена во февруари изнесува 39.276 денари

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка