Утрински Весник
Спорт

Хорхе ја смени плочата: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барселона

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Img 5587

„Сагата за Меси“ продолжува, со уште еден главен актер, таткото Хорхе, кој е менаџер на својот син. Хорхе Меси, во понеделникот, ја крена Барселона на нозе и предизвика еуфорија со изјавата дека неговиот син сака да се врати во клубот. 24 часа подоцна Хорхе „врти друга плоча“.

dobivaj vesti na viber

Вчера Шпанците објавија дека Ла Лига и дала зелено светло на Барселона за нејзиниот економски план за следната сезона, во која се отвори простор за враќање на Меси. Меси сениот, по состанокот се сретнал со Џоан Лапорта.

Ss1

По состанокот, Хорхе Меси за телевизијата „Хихантес“, изјави дека неговиот син сака да се врати во Барса и дека се ќе биде познато во наредните 48 часа.

Со оваа изјава ги фрли во транс фановите на Барселона, а веќе наредниот ден врти друга приказна.

„Не се работи за пари, Лео е подготвен да игра бесплатно. Но, не верувам дека неговото враќање ќе се случи, ситуацијата околу тоа е многу тешка“, изјави Меси сениор.

Тој наводно изјавил дека еден од проблемите е начинот на кој што го следат шпанските медиуми неговиот син и начинот за кој тие известуваат за неговото можно враќање во клубот. Најдобриот играч на Мундијалот во Катар не сака неговиот трансфер во Барселона да се гледа како бегство во сигурна куќа.

„Лео имаше две многу тешки години во Париз“, додаде Меси сениор.

Она што го откриваат шпанските медиуми е дека платата на Лионел Меси во Барселона би била 13.000.000 евра, дека договорот би бил потпишан на 1+1 година и дека семејството на Аргентинецот, особено неговата сопруга Антонела, ја турка идејата за враќање во Каталонија.

Дополнителен проблем во целата приказна е што Саудијците кои му дадоа понуда на Лионел Меси е невидена во историјата на спортот (1.200.000.000 евра за две години). Тие го притискаат неодамнешниот ас на Пари Сен Жермен конечно да се изјасни дали доаѓа или не.

Семејството Меси, пак, се обидува да добие уште неколку дена во тие преговори, бидејќи очигледно е дека Лео пред се сака да биде во Барса. Па, ако не можеш да заврши во Барселона, тогаш ќе бара алтернативни решенија.

Ss1

Можете да прочитате

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Обрадовиќ: Ова е мој клуб, мој град, на ниту едно друго место не е како во Партизан

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата