Утрински Весник
Спорт

Каспер Руд се измачи за четврт-финале на Ролан Гарос

Каспер Руд се измачи за четврт-финале на Ролан Гарос

Норвешкиот тенисер Каспер Руд, четвртиот играч во светот, се пласираше во четврт-финалето на Ролан Гарос, откако со 3:0 во сетови го совлада Чилеанецот Николас Жари.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот вицешампион во Париз иако триумфот го оствари во максимални три сета, сепак, беше далеку од убедлив против 35. играч на АТП листата. По сетови беше 7:6, 7:5, 7:5, за 24-годишниот тенисер од Осло по три часа и 20 минути игра на теренот „Филип Шатрие“.

Следен противник на Руд ќе биде подобриот од дуелот меѓу Холгер Руне и Франциско Серундоло.

Руд стигна до финалето на минатогодишниот Ролан Гарос, а во мечот за трофејот беше поразен од Рафаел Надал.

Кај дамите, во четврт-финалето се пласира Онс Жабер, откако со 2:0 во сетови ја елиминира Американката Бернарда Пера. Првиот сет Жабер го доби со 6:3 во гемови, а во вториот и дозволи само еден гем на противничката.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија