Утрински Весник
Економија

РКЕ: ЕСМ производство на топлина доби лиценца за вршење на енергетска дејност за 10 години

Бислимоски: Произведената струја од обновливи извори може да снабди 65.700 домаќинства
300x250 (7)

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на главна седница донесе oдлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија на ЕСМ производство на топлина. Со оваа одлука ЕСМ производство на топлина се стекна со лиценца со рок на важност од 10 години.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката следува откако компанијата поднесе барање и ги достави соодветните документи согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со што утврдивме дека условите се исполнети за да се стекне со лиценца за регулирано производство на топлинска енергија. РКЕ минатата година издаде три лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на три компании на ЕСМ, но оваа лиценца за производство со топлинска енергија, беше издадена во ограничен временски период што беше врзан со грејната сезона поради роковите во кои е склучен договорот за основните средства со Адора инженеринг. Денеска ЕСМ производство има лиценца за 10 години. Како што следите РКЕ во континуитет носи одлуки за сигурна, стабилна и безбедна испорака на енергенси за граѓаните“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

300x250 (7)

Во 2022 година БЕГ достави известување со кое ги врати лиценците за трите дејности а како клучни причини ги наведе: кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против БЕГ, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства. РКЕ донесе одлука за престанок на важење на лиценците на БЕГ. Потоа Владата распиша оглас за извршување на јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, а РКЕ во соодветна постапка додели лиценци на трите фирми на ЕСМ со што практично ЕСМ го презеде работењето со топлинска енергија и се обезбедија услови за непречено одвивање на грејната сезона.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз