МЗТ Скопје Аеродром е на една победа од одбрана на титулата во македонскиот шампионат и до јубилеен 10. национален трофеј, откако и во вториот меч беа подобри од Пелистер, победувајќи ги со 75:67 (25:17, 19:18, 18:15, 13:17).
Актуелниот шампион ја презеде контролата на мечот уште во првата четвртина, која ја добија со 25:17, по што не дозволија „зелените“ да се вратат во игра во следните две четвртини. Меѓутоа, во последната четвртина од максимални 14 разлика, Пелистер успеа да се доближи на -6 (69:63), пред „металците“ да се вратат во форма.
Капитенот Војдан Стојановски повторно беше лидер на МЗТ со 23 поени, додека Андреј Маслинко со 16 поени и 10 скока беше најдобар кај Пелистер.
Првата шанса МЗТ да ја запечати титулата ќе ја има на 4 јуни во Битола, а ако биде потребен и во четвртиот меч Пелистер ќе е домаќин.
Фото: КК Пелистер