Утрински Весник
Македонија

Андоновска до Арсовска: Изигрување на жртва не ти поминува веќе, мора да кажеш каква е финансиската состојба на Град Скопје

Андоновска до Арсовска: Изигрување на жртва не ти поминува веќе, мора да кажеш каква е финансиската состојба на Град Скопје

Марија Андоновска, координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница на Град Скопје рече дека градоначалничката Данела Арсовска не само што нема реализирано ништо од одлуките кои ги носи Советот на Град Скопје, туку и се однесува нетранспарентно бидејќи како што рече советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела неколку барања за информации но не добила никаков одговор.

dobivaj vesti na viber

„Ние за жал имаме нереализирани донесени одлуки од совет кои што веќе долго време стојат и чекаат да бидат реализирани. И тоа е навистина многу страшно и погубно за сите граѓани. Понатаму, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат десетици и десетици иницијативи, но и информации односно барање на информации за одредена работа која што во моментот сметаме дека треба да биде транспарентно обелоденета, не само во овој совет, туку да биде обелоденета во интерес пред сите граѓани, истакна Андоновска.

До ден денеска на ниту една од тие барани информации немаме добиено одговор. И сега како вие очекувате ние да продолжиме да работиме? Тој прв човек на Град Скопје како што тој е избран на избори, така и овие советници се избрани. Но, ако таа не чувствува одговорност за довербата која што и е дадена, ние како советници чувствуваме одговорност и наша обврска е да ги бараме овие информации. Не за нас, туку за граѓаните кои што се засегнати со проблемите,додаде Андоновска.

Таа порача дека нема да застанат тука, туку напротив, и понатаму ќе продолжат да си ја вршат улогата одговорно и да бараат информации.

Андоновска, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во советот неколку пати барале информација за финансиската состојба на градот, но и за финансиската состојба на јавните претпријатија кои што се под градот.

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја бараше ова информација во континуитет, месеци и месеци наназад, но не само финансиската состојба за Град Скопје, туку и состојбата на јавните претпријатија под Град Скопје. За жал како што споменав, ниту на советнички прашања, ниту на седници, ниту на било која од нашата иницијативи и барања за писмена информација ни беше даден одговор од страна на градоначалникот, а запрашајте се зошто. Оваа тема е навистина важна, каква е финансиската состојба на градот и каде се трошат парите на граѓаните“ рече таа.

Андоновска ѝ порача на Арсовска дека изигрувањето жртва веќе не и поминува.

„Изигрување на жртва не поминува веќе. Тука може да дојде до израз само говорење на вистината со аргументи и факти. Ако е во право тогаш нека повели и нека излезе, но без напад, бидејќи нападите се само тогаш кога се нема аргументи“ ѝ порача Андоновска на Арсовска.

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес