Утрински Весник
Спорт

Барселона го планира Рубен Невеш како замена за Бускетс

Барселона го планира Рубен Невеш како замена за Бускетс

Барселона ја освои шампионската титула во Шпанија, но тренерот Чави не губи многу време и веднаш се зафати со акција за нови засилувања. Иако приоритетна цел на клубот е враќањето на Лионел Меси, сепак, стратегот знае дека треба да доведе и играчи кои ќе ги заменат легендите Серхио Бускетс и Жорди Алба.

dobivaj vesti na viber

Според последните информации, Каталонците би можеле да го ангажираат играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невеш, за 30 милиони евра. Неговиот договор со „волците“ истекува следното лето, па клубот најверојатно ќе му дозволи да направи трансфер.

Невеш е дел од Вулверхемптон е од 2017 година, кога пристигна од Порто.

 

 

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест