Утрински Весник
Магазин

Внуците на Грејс Кели ќе продуцираат филм за интригантната историја на кнежевството Монако

Внуците на Грејс Кели ќе продуцираат филм за интригантната историја на кнежевството Монако
Ss2

Се подготвува филмска сага која ќе ја следи историјата на кралското семејство на Монако, Грималди, чии членови се принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин, а ќе биде прикажан и животот на покојниот принц Рение Трети и покојната принцеза Грејс Кели.

dobivaj vesti na viber

По британското кралско семејство, сега и Грималдиеви ќе имаат своја верзија на „Круната“. Иако кралското семејство во Лондон има многу замерки за продукцијата на серијата The Crown („Круната“), според познавачите, оваа серија е заслужна за зголемувањето на нивната популарност.

Ss1

Кнежевството Монако е подготвено да им ја сервира на гледачите сопствената историја, вклучувајќи многу гламур, но и скандали и интриги.

Сепак, семејството Грималди умно го осмисли проектот така што продукцијата е во рацете на оние на кои најмногу им веруваат – на самите себе.

Проектот е потпишан од продукциска куќа предводена од синовите на принцезата Каролина од Хановер, како и внуците на Грејс Кели, Андре и Пјер Казираги и снаата Беатрис Казираги. Прво планираат да снимаат филм, па дури подоцна ќе може да се развие и серија.

Првиот филм насловен Part I – The Rock ќе се фокусира на освојувањето на Монако од страна на Грималди кон крајот на 13 век. Поддржувајќи го папата и заземајќи став против царот на Светото Римско Царство, тие станаа господари на Монако за прв пат во 15 век. Секој принц од Монако го носи презимето Грималди, што го прави најдолговечното кралско семејство во Европа.

По овој филм, постојат амбиции од проектот да се изродат низа филмови, па дури и ТВ-серија, бидејќи во семејството Грималди се крие многу материјал како создаден за да ѝ го раскаже на публиката.

Принцезата Грејс од Монако, портрет од 1950-тите кога беше на врвот на својата филмска кариера.

Принцезата Грејс стана синоним за елеганција и стил. До денес, неколку децении по нејзината прерана смрт, ретко кој може да се доближи до нејзиниот легендарен статус. Нејзиното влијание е вечно: на секоја фотографија таа зрачеше со сталоженост, убавина и грациозност.

Објавувањето на нивната свршувачка ги изненади многумина бидејќи парот се познаваше релативно кратко време – но тоа беше голема вест, која излезе на насловната страница на „Њујорк тајмс“ во јануари 1956 година.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август