Утрински Весник
Македонија

Апелација ја уважи жалбата на Анѓушев: случајот против Цветковска се враќа на судење

Апелација ја уважи жалбата на Анѓушев: случајот против Цветковска се враќа на судење

Апелациониот суд Скопје ја поништи пресудата на Основниот суд и повторно го врати на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и ИРЛ. Основниот суд ја ослободи Цветковска од вина за клевета, но Апелациониот суд утврди дека понискиот суд не ги ценел доказите совесно и грижливо, не зел предвид повеќе докази и сведочења кои биле против Цветковска и погрешно и нецелосно ја утвдил фактичката состојба.

dobivaj vesti na viber

Затоа, на 23 јуни 2023 година е закажано ново судење, во кое Основниот суд Скопје ќе треба одново да цени како Цветковска и ИРЛ изнесоа невистини во нивните објавени содржини за узвозот на мазут, во кои го наведуваа името на Кочо Анѓушев, а не му дадоа можност да одговори пред емисијата да биде емитувана.

На Основниот суд му е наложено во новото судење да го земе предвид доказот дека, како што се наведува, Анѓушев имал телефонски разговор со Цветковска, но таа потоа никогаш не поставила прашања кон него. Да го земе предвид и фактот дека наведената емисија во која се клевети поранешниот вицепремиер Анѓушев предизвикала и други навреди и клевети кон него во јавниот простор, испровоцирани токму од тврдењата на Цветковска и на нејзиниот портал и емисија, со што нивната одговорност е уште поголема.

Апелациониот суд го потсетува Основниот суд дека во мај 2021г. кога ИРЛ ги изнесува спорните тврдења против Анѓушев, тој веќе една и пол година не е вицепремиер, така што нејасно е како Основниот суд цени дека Анѓушев морал да трпи посилен степен на сериозна критика бидејќи е носител на висока јавна функција, кога тој не е тоа во моментот кога е клеветен.

Апелациониот суд му наложува на Основиот суд да суди одново согласно чл. 160 од Законот за парничка постапка (ЗПП), со почитување и соодветно ценење на чл. 8 и чл. 343 од ЗПП и ценење на чл.5 и чл. 8 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

Ставот на проф.д-р Кочо Анѓушев за случајот е дека Цветковска имаше јасна намера да искаже лага на името на Анѓушев во јавниот простор со цел зголемување на својата гледаност и читаност, и да не му даде простор за одговор со цел да не ја демантира однапред. Со тоа ја злоупотреби својата положба на новинар, што е тешка повреда на Законот за медиуми и на основните новинарски начела, за што ЗНМ и Советот за етика треба да ги преиспитаат своите одлуки.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот