Утрински Весник
Македонија

Охридската гимназија жали за проблемот со матурантката: „Наша заложба е да помогнеме“

Охридската гимназија жали за проблемот со матурантката: „Наша заложба е да помогнеме“
Dik 300x250 mk

На матурантката од Охрид ќе и биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија, велат од средното училиште Свети Климент Охридски од Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Макфакс“ претходно објави дека на ученичката Тијана Силјаноска денес не и’ било дозволено да го полага првиот екстерен испит од државната матура оти нејзиното име го немало на спиокот, а за проблемот нејзиниот татко информираше преку медиумите.

Од училиштето изразија жалење за проблемот и како што кажаа нивна заложба е да излезат во интерес на матурантката и родителите.

Додадоа дека списоците за верификација на податоците за државна матура биле доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ.

И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, велат од гимназијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование, учениците полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети и подготвуваат проектна задача.

Можете да прочитате

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени