Утрински Весник
Спорт

Ракометна фешта во Битола, Пелистер со победа ја заврши сезоната

Ракометна фешта во Битола, Пелистер со победа ја заврши сезоната

Еурофарм Пелистер со победата над Тиквеш 35:36 (16:17), стави крај на шампионската сезона. Пелистер по 2005 година ја освои седмата титула во клупската историја.

dobivaj vesti na viber

На паркетот во салата „Боро Чурлевски“ беа повеќето играчи од трофејната генерација која ја освоититулата во сезоната 2004/2005.

Пред почеткот на натпреварот ракометарите на Тиквеш со шпалир ги пречекаа новите шампиони.

Натпреварот потоа како да имаше ревијален карактер. Во првиот дел Тиквеш успешно парираше, во вториот Пелистерци малку го кренаа нивото на играта и на крај убедливо славеа.

Атанасијевиќ со шест и Хосни со пет гола го предводеа Еурофарм Пелистер.

Фото/facebook.com/hceurofarmpelister

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1