Утрински Весник
Магазин

Сопругот и дал бубрег – Тина Тарнер и Ервин Бах се сакале до последниот ден

Сопругот и дал бубрег – Тина Тарнер и Ервин Бах се сакале до последниот ден

Рок легендата Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст. По бурниот брак со Ајк Тарнер, пејачката го запознала речиси две децении помладиот Ервин Бах, со кого остана до крајот на животот, а љубовта ја покажал со еден крајно неверојатен гест.

dobivaj vesti na viber

До декември 2016 година, здравјето на Тина Тарнер се влошило толку многу што пејачката била речиси на работ на смртта. Бубрезите во тој период и „работеле со 20 проценти“. Тогаш нејзиниот втор сопруг и голема љубов, Ервин Бах, донел одлука тој да и биде донор.

На пејачката и била потребна трансплантација, а на повидок немало донор. Тина зборува за сето тоа во нејзината автобиографија „Моја љубовна приказна“, нагласувајќи како најпрво се обидела да го наговори својот сакан да се откаже од намерата „бидејќи немало смисла тој да направи нешто такво само за да го продолжи животот на една постара жена за неколку години“.

„Мојата иднина е нашата иднина, тоа е подарок на љубовта“, и рекол тој.

Тина била оперирана на 7 април 2017 година и по извесно време поминато во болница успеала добро да закрепне.

Инаку, Тина и Ервин се запознале речиси точно три децении порано. Во тоа време таа го обиколи светот со турнејата „Private Dancer“, која и остави малку време за приватниот живот… Меѓутоа, штом го здогледа, срцето почнало да ѝ чука побрзо, а рацете и биле студени.

„Тоа е она што луѓето го нарекуваат љубов на прв поглед. Боже, не бев подготвена за тоа“ признава таа во својата книга, посочувајќи како подоцна дознала дека на почетокот и него го мачеле несигурности поради неа, бидејќи и тој веднаш се заљубил.

Целото богатство Тина Тарнер му го остави на сопругот.

Можете да прочитате

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители