Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд

Претпладне сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Можете да прочитате

Денес Собранието ќе гласа за избор на Савески за нов државен јавен обвинител

Утрово слаби врнежи од снег на Шапка и во Крушево

Ладен бран од север, во Македонија ќе донесе врнежи и од дожд и од снег