Утрински Весник
Спорт

Скоти Пипен: Мајкл Џордан беше ужасен играч

Скоти Пипен: Мајкл Џордан беше ужасен играч

Скоти Пипен три години е емотивно повреден од начинот на кој беше прикажан во документарниот филм за Мајкл Џордан „Последниот танц“. Оттогаш даде серија горчливи изјави за најдобриот кошаркар на сите времиња, а во неодамнешното гостување во еден подкаст рече дека Џордан бил „ужасен играч“ пред тој (Пипен) да им се приклучи на Чикаго Булс.

dobivaj vesti na viber

„Го гледав Мајкл Џордан како игра пред да дојдам во Булс. Сите го гледавте како игра. Беше ужасен играч. Тој постојано играше еден на еден, земаше лоши шутеви. Потоа одеднаш станавме тим и почнавме да победуваме. Пред тоа тој не беше на врвот во својата категорија”.

Џордан несомнено играше индивидуална кошарка во првите професионални сезони и повеќе размислуваше за тоа колку кошеви ќе постигне отколку како ќе победи, а дури по доаѓањето на Пипен и тренерот Фил Џексон, Булс станаа доминантна сила која ги обележа деведесеттите години од минатиот век. Дури и Џордан еднаш призна дека „ Мајкл Џордан не бил бил Мајкл Џордан без Скоти Пипен“.

Сепак поради збороти „ужасен“, јавноста му се наути на Пипен. Дополнителна прашина крена неколку часа подоцна кога на Инстаграм објави фотографија од детството под која напша: „Од скромни почетоци до шест првенства, два златни медали, Куќата на славните и предводење на Чикаго Булс до триумфи во плејофот. Да наздравиме за неопеаните херои“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scottie Pippen (@scottiepippen)

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари