Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Граѓаните добиваат нова ботаничка градина во ЗОО Скопје

Град Скопје: Граѓаните добиваат нова ботаничка градина во ЗОО Скопје

Градот Скопје и неговите жители добиваат нова ботаничка градина која ќе се простира на 12.600 квадратни метри, и во која ќе бидат засадени над 4.600 уникатни дрвја и садници. Во Ботаничката градина ќе се постават видиковци, нова урбана опрема и бројни други содржини за посетителите.

dobivaj vesti na viber

Предвидено е во градината, која ќе биде во рамки на Зоолошката градина во Скопје, да има автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, како и алохтони видови, односно растенија внесени однадвор. Исто така, ќе има и ендемични растенија специфични само за Македонија.

Подигнувањето на Ботаничката градина ќе биде од исклучително значење за граѓаните љубители на природата и на природните науки, бидејќи на едно место посетителите ќе може да ги видат содржините на Природно-научниот музеј, Зоолошката и на новата Ботаничка градина.

Реализацијата на овој проект е дел од програмата „За Модерно Скопје“, за подигнување нови зелени површини, затоа што Скопје и неговите граѓани заслужуваат модерни и еколошки содржини кои ќе придонесуваат за унапредување на животната средина.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски