Утрински Весник
Магазин

(Видео) Идрис Елба во новиот трејлер за „Киднапирање“

(Видео) Идрис Елба во новиот трејлер за „Киднапирање“
300x250 (7)

Дали е ова Џејмс Бонд- моментот на Идрис Елба?

dobivaj vesti na viber

Британскиот актер, кој долго време се најавуваше како можна замена за Даниел Крег како 007, го покажува својот потенцијал на акциона ѕвезда додека преговара со криминалци во напнат трејлер за „Киднапирање“ (Hijack).

Img 5587

Елба се чини дека е на право место, во право време во новиот трејлер, објавен во четвртокот, за претстојната минисерија на „Епл ТВ плус“.

50-годишниот Британец глуми преговарач кој има задача да убеди тим криминалци кои презеле авион да се повлечат мирно.

Трејлерот започнува со Сем Нелсон кого го глуми Елба, како се пробива низ меѓународниот аеродром во Дубаи пред да се качи на авион за Лондон.

Набргу по полетувањето, тим криминалци ја презема контролата врз леталото и бара соработка од патниците на летот, додека нивниот водач навестува „операција“.

Откако група контролори на летање забележуваат дека авионот излетал од курсот, откриваат дека еден патник успева да повика помош. Авионот набргу потоа станува цел на борбен авион на воздухопловните сили, откако капетанот предупредува дека авионот се смета за потенцијален проектил.

Премиерата на минисеријата е закажана на 28 јуни.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото